Маестро Александар Џамбазов, таткото на Игор, наполни 83 години. Роденденот му го честиташе неговиот син, споделувајќи нивна заедничка фотографија од насловната страница на некогашниот магазин „Теа модерна“. Под фотографијата шеговито напиша „Среќен 38. роденеден маестро мој“.
Лани, за 82. роденден на Џамбазов, беше вистинска фешта кога на роденденската забава во „Скара бар“ дојдоа најблиските пријатели на Игор. На роденденската журка чест му направија Весна Бејби, актерот Тони Михајловски, со сопругата Александра и синот Максим, Пере од „Нокау“, Харе Гуру…најблискиот круг на Џамбазови.
Александар Џамбазов е роден село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на танцовиот и ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди. (А.Г.)
Текстот Маестро Александар Џамбазов наполни 83 години е превземен од Reporter.mk.