Македонската пејачка Маја Оџаклиевска, која долги години живее во Србија, во едно интервју открила дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање од маж. Таа открила и дека најмногу во врската ѝ пречи ако партнерот да ја омаловажува.
„Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене“, рекла Оџаклиевска , која се нашла во ситуација да биде сведок на малтретирање, кога соседот ја тепал својата сопругата и случајот веднаш го пријавила во полиција.
„Пред неколку години бев сведок на вакво нешто. Слушнав како сосетката моли за помош и од прозорец видов дека сопругот ја удира со боксови и клоци. Веднаш викнав полиција, дојдоа за 15 минути, направија записник и си отидоа. По неколку дена се видовме и почна да ми вика и да ме обвинува зошто случајот сум го пријавила во полиција. Бев вчудовидена од нејзините зборови и однесување и сфатив дека ѝ нема помош затоа што таа наместо да си замине и да го остави, го бранеше“, рекла Оџаклиевска.
Текстот Маја Оџаклиевска: Мажите се за една употреба, не разбирам жени што трпат ќотек е превземен од Reporter.mk.