Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото

Некогашната поп-пејачка Маја Вукичевиќ тајно се омажи во Австралија. Се зборува дека Маја се омажила за богат Mакедонец, кој наводно бил сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн. Маја пред да замине за Австрaлија, го избриша својот фејсбук-профил, а ја нема ни на „Инстаграм“. Според некои, решила да го избрише минатото, но извори на „Репортер“, тврдат дека дека сегашниот сопруг на Маја бил многу љубоморен, до таму, што таа и од своите поранешни соработници и колеги барала да ги избришат заедничките слики од социјалните мрежи. Ги нема и провокативните спотови на „Јутјуб“ каналот, па и оној каде таа симулира дека води љубов во спотот. Кон крајот на ’90-те Маја беше многу популарна, особено заради нејзините провокативни спотови. Ја имаше сегде, по сите јавни настани и фестивали.

Нејзиниот бурен живот беше интересен за јавноста. Медиумите ја врзуваа со многу јавни фаци, политичари и бизнисмени. Маја се омажи со скопјанецот Горан Грамашковски и го роди синот Гораст кој денес има 23 години. Бракот со Грамашковски траеше кратко. Таа цели 20 години беше дел од македонската естрада. Нејзиниот интересен имиџ и спотовите кои редовно ѝ ги режираше Дејан Миличевиќ ја направија поп-ѕвезда која секогаш беше интересна за медиумите.

Текстот Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото е превземен од Reporter.mk.