Поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Мајк Тајсон, неодамна купи ранч во Калифорнија на кој одгледува различни видови марихуана. Тој во интервју за Hotboxin вели дека „робата“ му е одлична и дека месечно со својот бизнис партнер и пријателите пуши марихуана во вредност од 40.000 долари.
Поранешниот спортист се решил за Калифорнија бидејќи марихуаната во оваа американска држава е легализирана. Ранчот на Тајсон се простира на околу 16 хектари и тој секој месец им продава марихуана на амбулантите во Калифорнија и Невада во вредност од околу 500.000 долари. Боксерот го развива бизнисот заедно со неговиот пријател и деловен партнер, поранешниот рагби-играч, Ебен Бритон.
Тајсон во интервјуто рекол и дека се надева дека неговиот ранч ќе биде примамлив и како туристичка атракција, а дека тука ќе доаѓаат и луѓето што го посетуваат фестивалот Kind Music festival.
Текстот Мајк Тајсон пуши марихуана од 40.000 долари е превземен од Reporter.mk.