Мајката на Дарко Лазиќ, кој утрово доживеа страшна несрќа, е исплашена за животот на синот. Таа во изјава за српските медиуми вели дека е потресена и дека веднаш откако слушнала што се случило, се упатила кон болницата каде бил пренесен пејачот.
„Се потресовме. Сеуште не ни се познати сите детали. Само се надеваме дека се е во ред со Лазиќ. Тоа ни е најважно“, изјавила мајката на Дарко, Бранка Лазиќ.
Сцената од самото место каде настанала сообраќајната несреќа е страшна, велат некои од минувачите кои просведочиле на страшната незгода. Колата во која се наоѓал Лазиќ била превртена на кров во нива.
Деловите од автомобилот биле расфрлани на сите страни. Дел од оние кои случајно се затекле на местото на несреќата велат дека со крајни напори го извлекле пејачот од возилото.
Според последните информации кои се добиени од службите Лазиќ се наоѓал сам во возилото со марка „БМВ“. Во моментов одговорните лица ги утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.
Текстот Мајката на Дарко Лазиќ потресена од несреќата која ја доживеа синот е превземен од Reporter.mk.