Мајката на Џастин Бибер се всели во неговиот дом, проблеми во бракот на пејачот

Светските медиуми пишуваат дека медениот месец на Џастин Бибер и неговата избраничка Хејли Болдвин е завршен, откако Пати Малет, мајката на пејачот, се вселила во нивниот заеднички дом.

Светските медиуми пишуваат дека почнале  брачните проблеми и покрај тоа што Хејли се трудела постојано да биде позитивна и да ја дочека со отворени раце. Сепак, како минува времето, таа полека го губи своето трпение.

Извор близок до семејството вели дека мајката на Џастин се однесува како куќата да е нејзина територија и го имала заземено целиот простор, а и се мешала во сите аспекти од нивниот живот.

 

View this post on Instagram

 

very thankful ❤️

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) on

Хејли наводно се обидела да му објасни на Џастин. Изворот вели дека Џастин е вистински мамин син и дека допрва треба да почне со конверзација со неговата мајка.

Хејли се надевала дека со нејзиниот сопруг ќе можат да минат повеќе романтично време заедно, но поради густиот распоред, големиот број обврски, а сега и неговата мајка, се појавуваат проблеми во бракот.

Мајката на Џастин, Пати, неодамна на „Инстаграм“ ја нарекла Хејли „Божји дар“, а таа не реагирала. Изворот открива дека Хејли не сака да се замери со семејството на Џастин, но дека полека работите ѝ се удирале од глава.

 

Текстот Мајката на Џастин Бибер се всели во неговиот дом, проблеми во бракот на пејачот е превземен од Reporter.mk.