Мајката на Меган нема да го дочека Божиќ со кралското семејство

Дорија Рагланд, мајката на Меган Маркл нема да го слави Божиќ со нејзината ќерка на имотот во Норфолк, вели кралската дописничка Викторија Марфи за Yahoo UK.

Викторија вели дека кралскиот протокол забранува роднини и членови од поширокото семејство бидат дел луѓето кои ќе го слават Божиќ на кралскиот имот.

„Колку што ми е познато, Меган нема да биде со семејството. Иако во минатото тоа се разгледуваше како опција, никогаш не беше потврдено. За жал кралскиот протокол тоа не го дозволува“, изјавила Викторија.

И семејството на Кејт Мидлтон никогаш не ја почуствувала божиќната и новогодишна атмосфера со кралското семејство.

Оттука не изненадува ниту одлуката ниту за Дорија. Фактот дека Меган нема никого во Британија, ниту еден член од семејството, беше причина да ѝ се дозволи на Дорија да ја почувствува празничната кралска атмосфера.

Сепак, најновите информации кои доаѓаат од Бакингемската палата велат дека тоа не е возможно. Засега не е познато дали Дорија Божиќ ќе го дочека во Лондон, или ќе се врати во својот дом во Калифорнија.

 

Текстот Мајката на Меган нема да го дочека Божиќ со кралското семејство е превземен од Reporter.mk.