Мајкл Бубле ја расплака сопругата

Мајкл Бубле доби своја ѕвезда во Холивуд. Тој беше почестен со 2.650-тата по ред ѕвезда на Патеката на славните.

На церемонијата, Бубле ја доби поддршката од сопругата Луисана Лопилато.

Во својот говор, познатиот музичар зборуваше за семејството и со своите зборови ја трогна Луисана, која не можеше да си ги задржи солзите.

„Колку подолго живеам, толку повеќе сфаќам дека љубовта не е бесплатна. Љубовта има голема цена. Колку повеќе сакаш, толку повеќе се повредуваш. Ѝ благодарам на мојата сопруга, не постои нешто што можам да го кажам кое може да опише што чувствувам за неа и низ што поминавме. Таа е мојот херој и мојата карпа“ – вели Бубле во својот говор.

„Моите деца кои ми дадоа цел во животот и ми ги направија ваквите денови уште послатки, бидејќи сега можам да разберам колку убави се добрите моменти“ – додава тој.

Текстот Мајкл Бубле ја расплака сопругата е превземен од Reporter.mk.