Мајкл Џеј Фокс: Можеби нема да можам да одам, ниту да ги користам рацете

Американскиот актер Мајкл Џеј Фокс кој се прослави во улогата на Марти Мекфлај во филмскиот класик „Враќање во иднината“, отворено проговори за својата здравствена состојба.

Мајкл зборуваше за здравствените проблеми кои му се закануваат, поради Паркинсовата болест од која боледува повеќе од 30 години.

Актерот вели дека морал да направи операција на мозокот за да ги ублажи тресењата на некои делови од телото, кои претставувале еден од симптомите на болеста.

„Засега сè е стабилно, но ако состојбата се влоши наскоро можеби нема да можам да се движам ниту да ги користам рацете“, изјавил Фокс.

Актерот објаснил дека по направената дијагноза, почнал да губи рамнотежа ѝ се почесто да паѓа. Мајкл вели дека на моменти ваквата состојба му се чинела смешна, иако се работела за сериозни проблеми поради кои морал да направи операција на р’бетниот столб.

Актерот во едно интервју за Closer Weekly, изјавил дека имал само 29 години кога му била дијагностицирана Паркинсовата болест.

„Не можев да поверувам дека ова ми се случи баш на мене. Лекарите ги прашував дали знаат кој сум јас, дека сигурно се збунети и дека погрешиле во нивните испитувања. Дијагнозата ме избезуми. За жал утеха најдов само во алкохолот“, изјавил Мајкл.

„Досега требаше да бидам неподвижен, а далеку сум од тоа“, открил Мајкл пред три години за списанието Haute Living.

Во медиумите често истакнувал дека болеста го направила подобра личност, а спасот од последиците на болеста ги пронашол во медитацијата. За да ја подигне свеста на јавноста за една од најтешките болести на денешницата, Фокс досега донирал преку 650 милиони долази за истражување на Паркинсовата болест.

Текстот Мајкл Џеј Фокс: Можеби нема да можам да одам, ниту да ги користам рацете е превземен од Reporter.mk.