Мајкл Џексон со парфем ја прскал долната облека на Присли, за да докаже дека спиеле заедно

Поранешната светската музичка ѕвезда Мајкл Џексон во неколку наврати ја намирисувал со парфем долната облека на неговата поранешна сопруга Лиса Мари Пресли, со цел персоналот кој работел со него да помисли дека спиеле заедно. Ова го говори Сенди Домз, една од неговите поранешни вработени, пишува „Мирор“.

Кралот на поп музиката со ќерката на Елвис Присли, бил во брак во периодот од 1994 година, до 1996 година, а со него ги минала најтешките период од животот, кога Џексон бил обвинет за педофилија.

Бракот бил често полигон за пласирање на разни теории на заговор, а наведено е дека во тоа време го подигнувал неговиот публицитет. Сенди, која работела во ранчот „Неверленд“, како административна асистентка, изјавила дека двојката никогаш намала интимен однос.

„Тоа не беше природна љубов ниту однос на некакво пријателство. Мајкл ќе ја земеше нејзината долна облека, ќе ја фрлеше на подот во спалната соба, а потоа ќе ја испрскаше со неговиот парфем за да се чини дека Лиса била во собата“, изјавила Сенди за CBS.

„Колку што мене ми е познато, Џексон и Лиса никогаш не спиеа заедно. Таа целото време го минуваше во гостинската соба“, додала Сенди.

Веќе во јануари 1996 година, Лиса Мари ги поднела документите за развод, а како причина ги навела меѓусебните разлики кои не можеле да ги пребродат. Во шоуто на Опра Винфрли, Лиса изјавила дека во наредните четири години се обидувала да се смири со Џексон, но безуспешно.

Лиса го опишала времето кога за прв пат успеала да го однесе Мајкл во кревет. Го опишала како див маж, кој преферирал да има секс во стоечка позиција.

„Откако почнавме да имаме секс, тој сакаше повеќе и повеќе“, изјавила Лиса.

Пресли исто така открила дека Џексон сакал и да пее и да вика за време додека имале однос, што често ги доведувало двајцата да се смеат.

 

Мајкл бил вториот сопруг на Лиса Мари, а по разводот во 1996 година, таа се венача за актерот Николас Кејџ во 20022 година. По неуспешниот втор брак, таа во 2006 година се омажи за гитаристот Мајкл Локвуд.

 

Текстот Мајкл Џексон со парфем ја прскал долната облека на Присли, за да докаже дека спиеле заедно е превземен од Reporter.mk.