Мајкл Џордан одбил 100 милиони долари за два часа работа

Менаџерот на Мајкл Џордан Дејвид Фалк, во документарниот филм The Last dance, кој го покажа шампионскиот пат на Чикаго Булс, откри дека неговиот клиент одбил понуда да заработи големи пари за малку време.

Фалк објаснил дека Мајкл Џордан одбил 100 милиони долари за да сними реклама во период од само два часа.

„Му донесов понуда пред три години, вредна 100 милиони долари. Сè што требаше да направи, е да ги позајми своето име и бренд и да се појави два часа на снимањето. Но, тој одби“, открил Фалк.

Фалк објасни дека Џордан понудата ја одбил од свои лични причини.

„Џордан беше толку успешен, што тоа му даваше можност да работи што сака и да не го работи тоа што не му се допаѓа. Навистина тоа го ценам кај него. Внимателно одбира со кого ќе соработува“, открил Фалк.

Богатството на „Летачкиот Мајк“ се проценува на околу 1,5 милијарди долари. Добар дел од тие пари ги заработил за време на својата кариера во НБА лигата, но поголемиот дел го стекна по завршувањето на истата и доброто чувство за бизнис.

Веројатно за најдобриот кошаркар на сите времиња, јавноста знае малку детали за неговиот приватен живот. Тоа се промени по емитувањето на документарниот филм The Last dance, каде се говори за шампионскиот пат на Чикаго Булс. Филмот привлече толкаво внимание, затоа што откри многу детали од животот на познатиот кошаркар.

 

 

Текстот Мајкл Џордан одбил 100 милиони долари за два часа работа е превземен од Reporter.mk.