Кошаркарот Леброн Џејмс не одговори на прозивките на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој индиректно го нареше глупав, но заттоа кошаркарската легенда Мајкл Џордан го направи тоа. Трамп предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.
Тој реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето.
„Леброн Џејмс беше интервјуиран од страна на најглупавиот човек на телевизијата, Дон Лимон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воошто не е лесно. Мене на пример ми се допаѓа Мајкл Џордан„, напиша Трамп на Твитер.
Меѓутоа Џордан, иако ја доби поддршка на Трамп во вечната расправа за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња, застана на страната на Џејмс.
„Го поддржувам Џејмс. Прави неверојатни нешта за својата заедница„, кусо прокоментира Џордан. Со овој став, пишуваат медиумите и Џордан е против Трамп.
Леброн Џејмс преку неговата фондација e активен во социјално загрозените средини, а кошаркарот е познат по честите критики кон претседателот и неговата политика.
Во меѓувреме американскиот претседател влезе и во конфликт со НФЛ играчите, откако побара сите да бидат отпуштени бидејќи го навредуваат знамето кога клекнуваат на едно колено или на друг начин одбиваат активно да учествуваат во интонирањето на химната
Текстот Мајкл Џордан против Донал Трамп е превземен од Reporter.mk.