Мајкл Корс и официјално го купи модниот гигант „Версаче“ за 2,2 милијарди евра, со што американската луксузна компанија ќе се доближи до својата цел да стане меѓународна куќа на модни брендови.
Компанијата објави дека планира да ја зголеми продажбата на Версаче на 2 милијарди долари годишно, повеќе од двојно од сегашното ниво. “Купувањето на Версаче е важна пресвртница за нашата групација”, изјави извршниот директор на Мајкл Корс, Џон Идл, во соопштението. “Ние сме посветени на инвестирање во нашиот раст”.
Пред неколку месеци, Корс го купи брендот за обувки на Џими Чу за околу 1,2 милијарди долари.
Што ќе се промени за Версаче со оваа продажба?
Тимот на Мајкл Корсес објави дека планира да го прошири бројот на глобални продавници и да го подобри развојот на е-трговијата. Планирани се и продажби на повеќе чевли и додатоци. Маркетингот на модната марка ќе се подобри.
Добрата работа е дека Донатела Версаче и понатаму ќе биде креативен директор. Донатела, нејзиниот брат Санто и нејзината ќерка Алегра, моментално поседуваат 80% од Версаче, но ќе продолжат да бидат акционери во Капри холдингс. Пред неколку дена,брендот ја претстави својата колекција пролет / лето од 2019 година.
Текстот Мајкл Корс го купи Версаче е превземен од Reporter.mk.