Откако магазинот „ОК“ објави дека пејачката и глумица Мајли Сајрус е бремена и дека чека девојче, таа ги демантира пишувањата. На нивната објава на „Твитер“, Мајклипејачката одговори со слика на која има јајца преку стомакот.
„Не сум трудна. Сега можете да си се вратите на вашите животи или да го гледате јајцето на ‘Инстаграм’“, напиша таа.
Во веста на магазинот „ОК“ пишуваше дека Мајли и нејзиниот сопруг, актерот Лиам Хемсфорт размислуваат да се преселат во Австралија за девојчето да расте во понормална средина отколку онаа во Холивуд. Во веста стоеше и дека Лиам на своите најблиски роднини им се јавил преку „Скајп“ и им открил дека е пресреќен што ќе стане татко, а дека среќата е уште поглема што ќе добие девојче.
Текстот Мајли Сајрус демантира дека е бремена е превземен од Reporter.mk.