Пејачката Мајли Сајрус ѝ дозволи на нејзината мајка да ја ишиша. Таа на своите обожаватели им ги покажа фотографиите со новиот стајлинг. Поп ѕвездата наиде на различни коментари од своите обожаватели.
„Не разбирам зошто дозволи некој да ти го направи ова? Мајли зошто го направи ова со својата коса“, биле некои од коментарите на социјалнтие мрежи, за новиот изглед на пејачката.
Пејачката ги навикна своите обожаватели на инциденти, афери и драматични животни промени, па очекувано, таа не беше загрижена премногу од коментарите на нејзините фанови, пренесуваат медиумите.
Таа објави неколку фотографии од неа, на кои не е премногу уредена. Таа сега има кратка сина коса, а по нејзините коментари, очигледно е задоволна од тоа што нејзината мајка го сработила.
Таа објасни дека нејзината нова фризура е усогласена со новата песна на која таа работи. Поп пејачката, до крајот на годината, планира на своите обожаватели да им покаже што подготвила.
Текстот Мајли Сајрус дозволи на мајка ѝ да ја ишиша за новиот спот е превземен од Reporter.mk.