Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт негираат дека раскинале

Мајли Сајрус и нејзиното момче Лијам Хемсворт ги демантираа озборувањата дека се разделиле неделава.

Претходно медиумите на големо пишуваа дека двојката се разделила поради тоа што сакале различни работи. Неделава светските медиуми пишуваа дека Мајли ги откажала плановите за да основаат семејство.

„Тој сакаше да се смири и да оформи семејство, да има деца. Но, тоа не беа плановите на Мајли“, изјавил извор близок до двојката за медиумите.

 

Медиумтие пишуваа за тоа дека Мајли и Лијам имале проблеми во врската во последните неколку месеци, а најмногу несогласувања имало поради различните интереси.

Во текстовите било наведено дека семејството на Лијам и пријателите го предупредувале актерот на немирниот дух на пејачката и дека венчавката не е тоа што таа го сака. Но, Лијам не послушал ниеден од нив.

#spicy

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth) on

Мајли и Лијам се свршија во 2012 година, а само една година подоцна тие ја раскинаа свршувачката затоа што, како што Лијам тогаш изјави, двајцата сакаат различни работи. Сепак, во 2016 година тие повторно се смирија.

Ни пејачката ни актерот не се огласи по повод раскинувањето, а Мајли на својот инстаграм-профил ги тргнала сите фотогирафии на кои најмногу позирала со Лијам.

Изворите од двате сртани изјавиле дека и двајцата се обидуваат со нов, многу поприватен пристап во нивната врска и преферираат да поминат повеќе време на Малибу.

 

Текстот Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт негираат дека раскинале е превземен од Reporter.mk.