Светската пејачка Мајли Сајрус повторно е хоспитализирана поради проблемот со гласните жици. Сајрус преку социјалните мрежи изјави дека до крајот на годината таа ќе мора да направи операција.
„Со настапите ќе морам малку да паузирам, затоа што ќе ми требаат неколку месци одмор“, изјавила Сајрус.
Состојбата се влошила во последниот период. Пејачката ги оперирала гласните жици на почетокот на оваа недела, пишува „Дејли Мејл“. Пејачката по операцијата ја напушти болницата, но кога повторно била хоспитализирана поради воспаление на крајниците, лекарите и укажале на проблемот кој го има со гласните жици.
Текстот Мајли Сајрус повторно заврши во болница е превземен од Reporter.mk.