Пол Макартни во едно од своите интервјуа за радиоемисијата на американскиот водител Хауард Стерн го обвинил својот колега Џон Ленон дека е виновен за распадот на британската музичка група „Битлси“. Макартни ги негирал озборувањата во јавноста дека беднот се распаднал поради вдовицата на Ленон, Јоко Оно.
„Битлси“ се распаднаа во 1970 година. Мекарти вели дека на еден од нивните состаноци, Џон им кажал на колегите дека ќе го напушти бендот. Тој им кажал дека сака животот да го продолжи со Јоко. Макартни објаснил дека Ленон бил опседнат со новата девојка.
„Ја донесе на едно од нашите снимања. Нам ни делуваше како наметлива. Гледајќи од денешна перспектива, Ленон изгледаше како да е опседнат со неа. Но, Џон сакаше да ја почитуваме и тоа го правевме“, изјавил Мекарти.
Пејачот откри дека имале голем број недоразбирања околу песните со Ленон.
Текстот Макартни го обвини Ленон за распаѓањето на „Битлси“ е превземен од Reporter.mk.