Кога во далечната 1987 година култниот српски бенд „ЕКВ“ имал концерт во Скопје, Милан Младеновиќ, Меги Стефановиќ и останатите членови на групата решиле да останат во градот уште неколку дена. Три дена се забавувале со дрога и алкохол, а забавите завршувале со оргии. На една од нив бил и Македонец болен од СИДА, па заразил и еден од членовите на бендот, пишува српскиот портал Еспресо.рс, кој објави текст за една од најпопуларните групи во поранешна Југославија и за трагичната смрт на нејзините членови.
„Во Скопје беше почеток на крајот за ‘Екатерина велика’. По концертот во 1987 година, бендот немаше обврски па остана во Македонија на забава направена во нивна чест. Забавата траеше три дена. Првите два поминаа во алкохол и дрога, а третиот ден на ред дојде групен секс. Потоа како последица на СИДА, следната година умре еден од учесниците во оргијата. Тогаш сфатија дека се и тие можеби заразени. Така настана песната ‘Пар година за нас’. Многумина мислеа дека е пророчки поглед на политичката ситуација, а таа всушност го раскажа претчувството за нивната смрт“, пишува порталот.
Приказната на „ЕКВ“ заврши 1994 година, 11 години откако го објавија деби албумот „Екатерина II“. По концертот на „ЕКВ“ во Будва 1994 година, Милан Младеновиќ, фронтменот на групата е итно пренесен во болница заради рак на панкреасот. Неофицијално, според чаршиските муабети, Милан имал неколку различни трумори кои се развиле како резултат на долгогодишната борба со ХИВ-вирусот. Милан почина на 37 години, на 5 ноември 1994 година во Белград. Неговата смрт значеше крај за легендарната група.
Пејачката Маргарита Меги Стефановиќ почина осум години подоцна на клиника за инфентивни болести во Белград, на 44 години. По смртта на Милан таа пробала да се излечи од зависноста од дрога. Кратко време живеела во Индија за да го смени начинот на живот, но се вратила во Белград, ги продала становите што ги поседувала, па откако ги потрошила сите пари, живеела како бездомник.
Слична судбина имале и други членови на „Екатерина велика“. Басистот Бојан Печар починал во Лондон 1989 година од срцев удар, иако неофицијалната верзија е дека се предозирал. Неговите пријатели потоа рекле дека не можел да ја преболи смртта на Милан и дека по распадот на бендот станал психички нестабилен. Ивица Видовиќ, кој ја основал групата со Милан, починал 1992 година од СИДА. И првиот тапанар на бендот, Душан Дејановиќ, починал од СИДА во ноември 2000 година.
И покрај сите трагедии, песните на една од најпопуларните групи во Југославија ги одбележаа ’80те и ’90те години. Музиката на „ЕКВ“ се слуша и денес, а популарните стихови на „Пар година за нас“, „Круг“, „Очи боје меда“, „Земља“, „Као да је некад било“ ги пеат и новите генерации.
Текстот Македонец ги заразил со СИДА во групен секс членовите на „ЕКВ“ е превземен од Reporter.mk.