Со песните „Тајно моја“ од Тоше и Man’s World, 17-годишниот Омар Џафероски ќе ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал „Каунас талент“ во Каунас, Литванија. Тој ќе се натпреварува со деца-врсници од целиот свет.
Омар е роден во Чикаго, САД, а живее во Скопје. Основно образование завршил во ОУ „11 Октомври“, а во моментов е трета година во приватното средно училиште во Скопје. Завршил нижо музичко школо во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, инструмент пијано. Настапил на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“. На меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ во Струга го освоил признанието лауреат 3 степен. Повеќе од една година посетува часови во Академијата за естрадно пеење и е кандидат за домашни и меѓународни фестивали.
Текстот Македонец ќе пее песна од Тоше на фестивал во Литванија е превземен од Reporter.mk.