Македонецот Бојан Влаќевски од кугларскиот клуб „Вардар“ го освои првото место на Меѓународниот натпревар во куглање по повод Денот на независноста што се одржа викендов во Скопје.
На турнирот во кугланата на СЦ „Борис Трајковски“, Влаќевски освои 645 поени и беше најдобар во поединечна конкуренција. Втор беше Иван Тотиќ од КК „Мертојак“ од Сплит, Хрватска, а на третото место заврши Урош Јагличиќ од КК „Београд“ од Белград, Србија.
Екипно најдобри беа КК „Београд“. Тие освоија 3607 поени. Македонскиот кугларски клуб „Вардар“ со 3445 поени на крајот беше четврти, а КК „ГТЦ Мусандра“ завршија на шестото место.
Втора година по ред организатор на натпреварот е КК „Вардар“. Нивната цел е да го афирмираат овој спорт, во кој, како што велат, се вложува најмалку, а се постигнуваат најдобри резултати.
Текстот Македонец најдобар на меѓународен натпревар во куглање е превземен од Reporter.mk.