Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.
ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.
Даниел Стефановски живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде што е и роден, а неговите родители по потекло се од Куманово. Со боречките спортови почнал да се занимава на 13 години и од тогаш тргнала кариерата по нагорна линија. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ со Србинот Душан Којиќ во Винтертур во Швајцарија.
Текстот Македонецот Стефановски стана светски шампион во кик бокс е превземен од Reporter.mk.