Македонката Симона Станковска (23) ја освои титулата Miss Global Euroasia Stras 2018 на светскиот интернационален избор за убавина што се одржуваше во Инстанбул, Турција. Симона беше избрана за најубава жена во конкуренција со уште 25 девојки од светот.
„На овој избор право на учество имаа само девојки кои претходно имаат освоено само национална титула. Македонија ја претставуваше Симона, која ја има освоено титулата Мис на медитеранот за 2015 година“, ни изјави Мики Црнокрак. Натпреварот се одржа во Grand Cevahir Hotel & Convention Center во Истанбул, каде што девојките беа 10 дена.
Лиценцата за овој избор за Македонија ја поседува модното студио „Црнокрак“.
Од таму велат дека покрај победничката Симона, како специјален гостин била и Сандра Стефановска, која победи на изборот Кралица на Евроазија. Таа на крајот добила и специјална награда од организаторот на изборот. (А.Г.)
Текстот Македонка е најубава жена на светот е превземен од Reporter.mk.