Македонската глумица Симона Браун-Живковска глуми во филмот „Црната вдовица“, во кој главната улога ја игра Скарлет Јохансон. Веста дека Симона ќе глуми во новиот филм на „Марвел“ ја објави нејзиниот агент.
„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментов го снима филмот на ‘Марвел’, ‘Црната вдовица’, што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“, напиша тој на „Твитер“.
25-годишната Симона, по татко Македонка, а по мајка Британка, е родена е во Скопје на 24 јуни 1994 година. Во 2001 година таа се преселила во Велика Британија со родителите, каде што ја почнала актерската кариера. Таа досега глумела во ТВ-серијата Devils и се појавила во повеќе кратки филмови.
Најновиот филм за агентката Наташа Романов (Јохансон), се снима во моментов на повеќе локации. Дејствието ги опфаќа авантурите на Црната вдовица во периодот помеѓу периодот прикажан во филмовите Civil War и Infinity War. Премиерата на филмот е закажана за мај 2020 година.
THRILLED to finally announce that @simonazivkovska is currently filming #Marvel movie #BlackWidow due for release next year! Can't WAIT!! #ProudAgent @IAGtalent @Marvel pic.twitter.com/VEKktfqIQ5
— Jonathan Hall – IAG (@IagJonathan) September 10, 2019
Текстот Македонка глуми во новиот филм на Скарлет Јохансон е превземен од Reporter.mk.