Македонка меѓу најубавите на изборот „Кралица на Евроазија“

Катерина Ничовска (17) од Скопје е меѓу наградените девојки на интернационалниот избор за убавина, „Кралица на Евроазија“, што се одржа во Анталија, Турција. Таа ја освои тиитулата за најдобар национален костим.

„Девојките десет дена пред изборот се подготвуваа за големото финале. Новата кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната ѝ ја предаде ланската победничка, Сандра Стефановска“, рече Мики Црнокрак за „Репортер“.

И Сандра и Катерина се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за овој меѓународен избор на убавина.

(А.Ј)

Македонката Сандра Стефановска е кралица на Евроазија

Текстот Македонка меѓу најубавите на изборот „Кралица на Евроазија“ е превземен од Reporter.mk.