Македонка наградена на светски натпревар за фотографии

Македонката Гордана Чавкоска доби три пофалници на овогодишниот светски натпревар за фотографии направени со „ајфон“. Таа доби пофалници во три различни категории: панорама, животен стил и дрва. На две фотографии е сликан Градскиот парк во Скопје во зимска атмосфера, а третата фотографија е од Трпејца, Охрид.

На натпреварот учествуваа фотографи од 140 држави од целиот свет. Прогласувањето на победниците беше на 18 јули во Њујорк. Сите три фотографии на Чавковска се наоѓаат во годишниот каталог на веб-страницата на натпреварот – ippawards.com.

Чавковска учествуваше на истиот натпревар и лани, а доби пофалница во категоријата „портрет“.

Текстот Македонка наградена на светски натпревар за фотографии е превземен од Reporter.mk.