Македонката Елеонора Миљковиќ влезе во реалното шоу „Задруга 2“. Таа е единствениот претставник од Македонија во ова реално шоу. Во интервјуто пред да влезе во куќата таа рече дека влегува за да внесе позитивна енергија меѓу учесниците во реалното шоу.
„Не се плашам од ништо. Единствено се плашам ако нема храна, кога сум гладна, тоа е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, рече таа пред да влезе во шоуто.
Елеонора додаде и дека има неколку идеи за тоа што треба да прави во „Задруга“, и дека не влегува да се кара со луѓето таму. „Ќе се трудам да бидам фер и реална кон сите“.
Елеонора е дипломиран правник, а работи и како фотомодел, снима спотови и реклами.
Текстот Македонка влезе во „Задруга“ е превземен од Reporter.mk.