Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ИН“ вели дека три македонски модели во моментов се дел од кампањите на неколку светски брендови.
„Јас сум повеќе од среќен и горд на нив, нивниот успех е порака дека сме на вистинскиот пат да работиме уште повеќе, за да ги гледаме и во иднина нашите топ модели насекаде низ светот. Нивниот успех се запишува во историјата на македонската мода“, вели Алек.
Алек вели дека топ модел Елена Реи во моментов е актуелна со кампања за Cerruti 1881 и нејзиниот лик се појавува на реклами во сите главни европски центри. Таа е главен лик и во кампањата за накит Belpearl, а билборди со накитот што го рекламира Елена беа поставени во Копенхаген, Мјанмар и Џакарта.
Најуспешен машки интернационален модел на „Моделс ИН“ во моментов е Павле Николовски, кој е заштитно лица на брендот Barbosa. Реклами со неговиот лик имаше насекаде на Балканот.
Јована Нешова, која е интернационален модел три години, неодамна беше во центарот на вниманието на светската јавност со кампања за козметичката куќа Blenuit, а реклами со нејзиниот лик имаше во центарот на Шангај и Пекинг.
Текстот Македонски модели главни во светски модни кампањи е превземен од Reporter.mk.