Македонскиот борач Бесир Алили, од клубот „Лирија“, стана европски шампион во категоријата слободен стил до 48 килограми, на континенталниот шампионат во Фиренца за учесници до 17 години.
Алили беше подобар од Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија), Лука Гугешашвили (Грузија) и го победи Хатрјун Ховханисјан (Ерменија) со 7-6 во финалето.
И македонскиот репрезентативец Реџеп Хајдари има прилика да освои да освои медал бидејќи ќе се бори за бронза во категоријата до 92 килограми.
Македонските борачи на кадетските првенства имаат освоено 8 медали. Покрај златната на Алили, има и три сребрени и четири бронзени.
Текстот Македонскиот борач Бесир Алили стана европски шампион е превземен од Reporter.mk.