По вчерашната победна на младиот пејач Мартинијан Кириловски, почнаа и негодувањата зарди победата на Макфест. Прва се јави внуката на местро Зоран Џорлев, сестра на младиот пејач Огнен Здравковски, кој исто така пееше на Макфест. Огнен се е претстави со песната “Светот нека застaне”, но не освои ниту една награда.
После фестивалот на Фејсбук со јавен статус се јави сестрата на Огнен која напиша:
“Макфест? Мизерија од фестивал е станато! Ако платиш ќе си земеш награда. Уште пред да почне фестивалот се знаеа наградите Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават гласовите од публиката. еее моја Македонска музичка естрадо!”, напиша Оле на својот Фејсбук профил.
Синоќа во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип се одржа 34-то издание на фестивалот “Макфест”. Прв беше Мартинијан, по него Дац и Александар,а трети „Фрајле’
Текстот „Макфест стана мизерија“, се жали внуката на Џорлев оти брат и не доби награда е превземен од Reporter.mk.