На Светскиот ден на музиката, францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи британскиот пејач Елтон Џон за витез на Легијата на честа, во знак на неговиот голем допринос во музиката и борбата против ХИВ и АИДС.
„Ја сакам Франција. Тука имам куќа“, изјавил Елтон Џон, откако Макрон го одликуваше со наградата.
Елтон одликување прими и во петокот вечерта во Елизејската палата, на Светскиот ден на музиката. Ова не му е прво големо признание доделено од страна на државно официјално лице. Пред 21 години, Џон стана Сер Елтон Џон, кога кралицата Елизабета II го прогласи за витез.
Британскиот пејач во моментов е на светска турнеја, а сега концертите ги одржува низ Франција. Макрон средбата со пејачот ја искористи за да се заложи за борбата против болестите како што се АИДС, туберколоза и маларија.
Спорд француските податоци, од тие болести низ светот починале 2,7 милиони луѓе.
Текстот Макрон го прогласи Елтон Џон за витез на Легијата на честа во Франција е превземен од Reporter.mk.