Во период кога спортот речиси секаде е суспендиран поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, ракометарите на „Веспрем“ решија да помогнат во борбата.
Тие во моментов немаат задолженија од натпреварувачки карактер, па целата екипа се упати во помош на локален супермаркет. Играчите, меѓу кои и нашиот репрезентативец Дејан Манасков, помогнаа во редењето на намириници низ испразнетиот маркет.
Веспрем е лидер во унгарското првенство, веќе го освои Суперкупот, а со оглед на победата во Нови Сад против Војводина, се наоѓа на чекор до завршниот турнир на регионалната СЕХА лига.
Текстот Манасков и „Веспрем“ помагаа во супермаркет е превземен од Reporter.mk.