Ангелот на Викторија Сикрет, Жозефин Скривер се вери за своето момче Александер ДеЛион под светлината Аурора Бореалис, позната како поларна светлина. Таа веста за свршувачката ја објави на „Инстаграм“ со неколку слики од запросувањето и фотографии од поларната светлина.
„Некогаш универзумот си ги мести коцките. Цела недела претходно ја чекавме поларната светлина да се појави на небото. Оддеднаш, истата ноќ кога Алекс ја објави неговата прва песна напишана за мене Aurora Borealis ја видовме и поларната светлина. Љубовта и магијата секогаш си го наоѓаат патот. Изгледаше како љубовен спектакл на небото“, напиша Скривер.
Александер ДеЛион е пејач во јавноста познат како „Бохес“. Тој и Жозефин се во врска од 2013 година. По веридбата, за медиумите открил дека решил да ја запроси Жозефин во Финска оти таа отсекогаш сакала да ја види поларната светлина.
Поларната светлина е природна појава на небото која се јавува само во поларните региони и најчесто е со тонови на зелена боја.
Текстот Манекенка на „Викторијас сикрет“ се вери под поларната светлина е превземен од Reporter.mk.