Славната манекенка Анабел Нилсон е пронајдена мртва во својот дом. Како што соопштила полицијата, смртта на 49 годишната манекенка не е сомнителна.
Анабел била зависник од хероин уште од 16 година. Самата таа тврдела дека токму хероинот бил тоа што и го спасил живот за да не се убие. Кејт Мос ја сметала за сестра, а модниот дизајнер Александар Меквин несуден сопруг, кој многу го сакала.
„Ми беше брат, мој дечко, моја сродна душа. Повеќето време луѓето ме нарекуваа госпоѓа Меквин. Често делевме ист кревет“, изјавила таа, додавајќи дека со него била најсреќна.
Тој дури и ја запросил во еден момент, а таа го одбила, нешто поради кое долго време жалела. Била негова муза.
Уште повеќе ја шокрала јавноста во 1994 година, откако се омажила за Нет Рошилд. Двојката се запознале на плажа во Индија, а родителите на Нет биле запрепастени со неговиот вулгарен избор за сопруга. По разводот по три години брак, манекенката добила огромна сума на пари.
Текстот Манекенката Анабел Нилсон пронајдена мртва во својот дом е превземен од Reporter.mk.