Машкиот магазин „Максим“ ја избра манекенката Оливија Кулпо за најсекси жена на светот за 2019 година. Таа во 2011 година е избрана за Мис на Америка, а во 2012 година беше прогласена за Мис Универзум. По ова почна да работи како модел. Оливија е еден од најбараните американски модели во светот. Таа работи модни ревии, а се најде и на насловните страници на неколку светски популарни магазини.
Од 2013 до 2015 година 27-годишната Американка беше во врска со пејачот Ник Џонас од бендот „Џонас Брадрс“. Потоа кратко време беше во љубов со рагбистот Тим Тибоу, а потоа и со рагби-ѕвездата Дени Амендол.
На традиционалниот годишен избор што го организира магазинот „Максим“, лани победи моделот Кејт Аптон. Претходни победнички на изборот беа и Хејли Болдвин, Стела Максвел, Тејлор Свифт, Џесика Алба, Кети Пери, Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Џенифер Гарнер и други.
Текстот Манекенката Оливија Кулпо е најсекси жена на светот е превземен од Reporter.mk.