Марадона исфрлен од неговиот стан од 30 години помладата вереница

Вереницата на легендарниот фудбалер Диего Марадона, го исфрлила од неговиот дом. По жолчната расправа, тој останал на улица, пишува „Мирор“.

Марадона и Росио Оливина претходно ја објавија веридбата, но русокосата Аргентинка сега изненади со една нејзина изјава во емисија, кога рече дека себе си се гледа како „синл“ девојка.

„Неколку дена се слушаа нивните кавги и во соседството, а на крајот Росио го исфлри Марадона на улица. Иронијата е во тоа што тој е сопственик на станот во кој таа живее ѝ од кој го исфлри“, вели извор близок до двојката.

Диего Марадона на Росио и подарил и дијамантски прстен во летото, на денот кога таа го прослави 28 роденден, а претходно четири години биле во врска. Поранешниот фудбалер од неа е постар 30 години.

 

Текстот Марадона исфрлен од неговиот стан од 30 години помладата вереница е превземен од Reporter.mk.