Мараја Кери откри со колку мажи спиела

Светската пејачка Мараја Кери откри во јавноста со колку мажи спиела. Мараја која своевремено ја интригираше јавноста со својата борба со биполарното пореметување на личноста, во едно од своите интервју за светски медиум, откри со колку мажи била интимна.

Фановите ја сметаат Мараја за голема заводничка, иако таа тврди дека во животот немала љубовен однос со многу мажи.

„Искрено малку сум старомодна во однос на колешките од мојата бранша. Имав само пет мажи во животот со кои сум спиела и сите беа многу различни“, изјавила Мараја.

Пејачката не ги откри имињата на мажите со кои спиела, иако медиумите шпекулираат дека четворица од нив се познати јавни личности.

Пејачката во 1993 година стапи во брак со музичкиот продуцент Томи Мотола, додека вториот брак и бил со Ник Кенон во периодот од 2008 година до 2014 година. Со Ник, Мараја има осумгодишни близнаци.

Пејачката била во верена и со милијардерот Џејмс Пакер, а по раскинувањето влегла во врска со танчерот Брајан Танак, во октомври 2018 година. За медиумите останува отворено прашањето кој е петтиот маж кој успеал да ја освои пејачката.

 

Текстот Мараја Кери откри со колку мажи спиела е превземен од Reporter.mk.