Музичката ѕвезда Мараја Кери призна дека страда од биполарно нарушување и дека конечно побарала лекарска помош за болеста. Оваа болест е позната и како манична депресија, а од неа страдаат повеќе од 24 милиони луѓе во светот. Болеста се карактеризира со промена на расположението, склоност кон тешки депресии и психотичност.
На Мараја Кери биполарно нарушување на личноста ѝ е дијагностицирано во 2001 година, но пејачката дури сега, по неколку емотивни и професионални падови конечно почнала да се лекува. Вели, сега се чувствува добро.
„Се опкружувам со позитивни луѓе околу себе и го работам она што го сакам, пишувам песни и правам музика. Конечно успеав да го надминам чувството на депресија. И сфатив дека не сум сама“, рекла неодамна Мараја.
Освен Кери, уште неколку познати личности имаат ваков проблем, а за борбата со биполарното нарушување јавно зборуваа и Деми Ловато и Бебе Реџа.
Текстот Мараја Кери се лекува од биполарно нарушување е превземен од Reporter.mk.