Утре во Крушево ќе бидат пречекани учесниците во маратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на поп-ѕвездата Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше на Гумење.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.
Текстот Маратонците од Нова Градишка во чест на Тоше Проески утре доаѓаат во Крушево е превземен од Reporter.mk.