Марга Сол ќе ја пробива Лоба на светскиот пазар

Продуцентката и диџејка Марга Сол работи на песните за новиот албум на Викторија Лоба. Овие песни, преку продуцентската куќа на Марга, ќе ги промовираат и на светскиот музички пазар. Тие минатата недела на Санторини, Грција, го снимија спотот за првата заедничка песна „Над небото“ и за нејзината англиска верзија, Feel It. За „Репортер“ Марга раскажа дека девојките се забавувале додека го снимиле најубавото зајдисонце во светот..

„Песната во светски рамки ќе ја промовираме преку мојата издавачка куќа M-Sol Records.. Видеото и двете песни официјално ќе се појават во ноември. Се работи за нешто сосема поинакво од македонската музика, дип-хаус песна со која Лоба започнува нова етапа во нејзината кариера, а сите ние целиме кон светски успех“,  вели Марга.

Продуценти и композитори на песната се Марга   и Дарко Цветковски (Darles Flow). Англискиот текст го напиша Сол, а македонски текст е на Викторија. Видеото го снимаше Дарко Митев.

Минатата недела и Викторија преку своите  социјални мрежи се пофали дека е на Санторини и дека снима нов спот.

 

(А.Ј)

Текстот Марга Сол ќе ја пробива Лоба на светскиот пазар е превземен од Reporter.mk.