Марго Роби ќе ја глуми куклата Барби

Холивудската глумица Марго Роби ќе ја глуми најпознатата кукла на светот, Барби. Оваа улога претходно ја одбија Ејми Шумер и Ен Хатавеј. Филмот ќе се снима годинава, а премиерата ќе ја има догодина. Детали за сценариото и за останатите улоги во филмот не се откриваат.

Популарната кукла Барби годинава полни 60 години, а годишно од неа се продаваат по 58 милиони кукли во повеќе од 150 земји.

Барби првпат се појави на американскиот саем за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година. Оттогаш се продадени повеќе од милијада вакви кукли ширум светот.

„Во индустријата за играчки, каде што успехот трае од три до пет години, 60 години е голема работа“, изјавил неодамна  директорот на познатиот бренд „Барби“.

 

Текстот Марго Роби ќе ја глуми куклата Барби е превземен од Reporter.mk.