Пејачката на „Ај кју“, Марија Ивановска, преку eBay за 5.000 долари го продава костумот што го носеше на Евровизија во Лисабон. Таа бара и 127 долари за испорака. Марија лани носеше розово палто, што го соблече среде песна, а под него имаше едноделен костум за чија изработка биле потрошени 2.000 часа. Марија со овој костум беше прогласена за најлошо облечена пејачка на Евросонг.
„Единствена можност да го поседувате ова иконско ремек дело!“, стои покрај сликите од костумот што го продава „Ај кју“.
Тие сликите го објавија и на „Инстаграм“, а нивните следбеници им порачаа дека „се прецениле и дека 5.000 долари се премногу пари, дури и за костум што се појавил на евровизиската сцена“.
За потсетување, „Ај Кју“ беше македонски претставник на Евросонг во Португалија. Тие ја пееја песната Lost and Found и го освоија 18., претпоследно место во полуфиналето.
Текстот Марија од „Ај кју“ евровизискиот костум го продава за 5.000 долари е превземен од Reporter.mk.