Марија Шерифовиќ фрлаше со столче по Вики Миљковиќ

Марија Шерифовиќ во лутина фрли столче на Вики Миљковиќ откако се скараа на снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“. Тие се скарале зашто Вики не сакала да гласа ни за кандидатот на Карлеуша, ни за тој на Шерифовиќ, кои пееле еден против друг. На крајот Вики гласала за двајцата кандидати, па тие имале по пет гласа и на крајот морало да се прегласува.

Во прегласувањето, Вики решила да даде глас за кандидатот на Карлеуша, што ја изнервирало Маријам па таа станала, го зела столчето и го фрлила накај Вики. Таа сакала да си отиде од снимањето, ама колегите ја смириле и ја убедиле да не прави драми.

Вики и Карлеуша одамна не се во добри односи, а сега ни Марија и Вики не зборуваат, па тоа само ќе ја зголеми тензијата во шоуто, пишуваат српските медиуми.

Текстот Марија Шерифовиќ фрлаше со столче по Вики Миљковиќ е превземен од Reporter.mk.