Пејачката Марија Шерифовиќ, која е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, ги однесе на прошетка во Париз нејзините четири кандидати што влегоа во финалето на шоуто. Меѓу финалистите е и Македонецот Огнен Здравковски.
Пејачката, вели, сакала да ги почести за добрата работа и да ги мотивира да продолжат да работат напорно и откако ќе заврши музичкото натпреварување. Таа на нејзиниот инстаграм-профил сподели неколку слики од патувањето во Франција.
„Добри деца. Талентирани млади луѓе. Желни за докажување. Желни за победа. За таквите ќе бидам тука и секогаш ќе им бидам ветар во грбот!“, напиша Марија на една од фотографиите.
Финалето на регионалното музичко шоу ќе се одржи во четврток, 20 јуни. Таму, освен Огнен, ќе пеат и Мартинијан Кириловски и Филип Пецаковски.
Текстот Марија Шерифовиќ ги однесе во Париз своите кандидати од „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.