Преку 50000 фанови од цела Босна и Херцеговина присуствуваа на Кошево на концертот на Марија Шерифовиќ. Пејачката поради лошите временски услови беше принудена да го помести големиот спектакл за еден ден, но дождот и во неделата не беше пречка за големиот број нејзини фанови да присуствуваат.
Шерифовиќ концертот го отворила со песната „Паметна и луда“, и веќе од самиот почеток меѓу неа и публиката се почувствувала голема енергија.
Се ределе хитовите „Дел од минатото“, „Сама и нервозна“, „Што да заборавам“ и многу други. Силни овации се слушнале од публиката кога Марија ја запеала песната „Очи моје, клетвом би вас клео“.
Специјална гостинка на концертот била Јелена Карлеуша, која со бендот на Марија ја извела песната „Зар не“, а потоа и „Те освојувам“.
Еден од гостите бил и Анди Чушиќ, победникот од „Ѕвездите на Гранд“.
Спектакуларната слика можела да се види кога Марија го запеала хитот „11“.