Српската пејачка Марија Шерифовиќ ќе го подучува пеење Ангел Јовевски од Радовиш и ќе го спрема за вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“. Според новите правила на шоуто, секој натпреварувач треба да има свој ментор. Па, откако Ангел ги испеа „Моја драга“ од Здравко Чолиќ и „Танана“ од Жељко Јоксимовиќ, Марија и Ѓорѓе Давид рекоа дека сакаат да работат со него. На крајот Ангел ја избра Марија и таа ќе се грижи за него, за изборот на песните и ќе го подучува пеење се додека настапува во шоуто.
Текстот Марија Шерифовиќ ќе го учи пеење Македонецот Ангел е превземен од Reporter.mk.