Марија Шерифовиќ: Ние сме јавни личности, не јавни тоалети

Српската пејачка Марија Шерифовиќ застана во одбрана на својата колешка Ана Бекута, која одби да ѝ  биде бакната раката од една постара госпоѓа, нејзина обожавателка.

Ваквиот потег наиде на јавна осуда од страна на голем број обожаватели и колеги, но не и од Шерифовиќ. Поранешната претставничка на „Евровизија“ се стави во одбрана на Бекута.

Шерифовиќ вели дека и таа би го направила истото и откри дека не сака премногу кога фановите ја бакнуваат и гушкаат.

„Да ви кажам искрено, ние сме јавни личности, не сме јавни тоалети. Не сакам некој да ме бакнува и да ме гушка. Со должна почит, јас сум тука да се сликам со вас, да ви обрнам внимание, да ве погледнам во очи и да се насмееме, но нема потреба да се бакнуваме“, изјавила Шерифовиќ.

„Јас се бањам 5 пати дневно. Не можам да поднесам некој да ме бакнува. Кога ќе излезам во град па некој да ми ја земе раката за да се поздрави, па уште ако е испотена, јас би се убила“, вели Шерифовиќ.

 

Текстот Марија Шерифовиќ: Ние сме јавни личности, не јавни тоалети е превземен од Reporter.mk.