Марија Шерифовиќ сака да стане мајка

Во интервју за српскиот магазин „Стори“, пејачката Марија Шерифовиќ открила дака сака да стане мајка. Таа рекла дека сериозно размислува за мајчинството.

„Мислам дека тоа е најголемиот триумф на животот. Морам да признаам дека кога размислувам за тоа, јас сум многу радосна“, кажала Марија во интервјуто.

Таа не ја исклучила можноста некогаш во иднина и да посвои дете.

„Тоа е највозвишеното нешто што човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето што се спремни за такво нешто, но јас не мислам дека се уште не сум“, додала Шерифовиќ.

Текстот Марија Шерифовиќ сака да стане мајка е превземен од Reporter.mk.