Марија Шерифовиќ сака да стане мајка

Српската пејачка Марија Шерифовиќ изјави дека наскоро планира да стане мајка. Шерифовиќ изјавила дека веднаш откако ќе го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“, веднаш ќе работи на случајот да стане родител.

„Кога ќе ги напуштам „Ѕвездите на Гранд“ ќе станам мајка. Сакам сериозно да се посветам на тоа, а не моето дете да го чуваат баби и дедовци“, изјавила Шерифовиќ.

Директорот на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ изјавил дека Шерифовиќ ќе мора да почека уште некоја година, пред да стане мајка, затоа што нема намера да ја пушти да си замине од жирито.

„И понатаму сум сама и уживам во тоа. Последните неколку години сум посветена на работата повеќе од кога било претходно и во моментов, мојата кариера ми е во фокус. Работам вредно за да можам кога ќе остарам да одморам малце. Верувам дека наскоро и љубовта ќе дојде на ред“, изјавила Шерифовиќ.

„Околу мене ги имам мојата мајка, пријатели, моето куче и публика. Имам доволно љубов која во еднаква мера ја добивам и давам“, изјавила Шерифовиќ.

Посвојувањето дете е најголемото дело кое еден човек може да ја направи. Им се воодушевувам на луѓето кои се подготвени на такво нешто, но мислам дека јас не сум подготвена на такво нешто, смета пејачката.

 

 

Текстот Марија Шерифовиќ сака да стане мајка е превземен од Reporter.mk.