Српската пејачка Марија Шерифовиќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ откри дека сакала да сними песна заедно со Тоше Проески. Откако Јелена Карлеуша искоментирала дека талентот на Тоше е неповторлив и дека е штета што не успеал да сними дует со најдобриот женски вокал во Србија, односно со Марија, популарната пејачка признала дека имале план, но дека тој никогаш не се реализирал.
„Немавме време на овој свет и во овој живот да снимиме дует, а почнавме да се договараме околу тоа. Тој е единствената личност со која сакав да снимам дует“, рекла Марија во шоуто.
Ова е првпат пејачката јавно да раскаже за плановите што ги имале со Тоше и за нивното пријателство.
Текстот Марија Шерифовиќ требала да сними песна со Тоше е превземен од Reporter.mk.